Оваа генерација македонски граѓани знаеше дека единствениот вистински начин да се одолжиш на своите претци за нивните историски и исправни одлуки е да ја покажеш истата храброст и мудрост тогаш кога ќе ги биеш новите битки, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во обраќањето на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.
– Членството во НАТО беше наша битка и ние оваа битка ја добивме со жртви, со ризици и со многу работа, но ја добивме. Членството на РС Македонија во најмоќниот воено политички сојуз е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава, достигнување кое значи препознатливост во светот, стабилност и безбедност. Безбедност која нуди шанса за просперитет,која значи посакуваност на инвестициската авторитет и меѓуанроден углед, истакна Шекеринска.
Таа нагалси дека до пред членството во НАТО бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на Алијансата, што, како што нагласи, е навистина голем успех.
– Членството во НАТО беше наша битка и ја добивме. Но, некои понесоа поголем товар од останатите и затоа сме токму тука во касарната „Илинден“ да ја одбележиме првата годишнина од НАТО членство, додаде Шекринска.
Министерката за одбрана истакна дека најкорисниот совет што го добила многу години одамна е дека не е важно она што луѓето го говорат за себе, бидејќи можат многу да зборуваат и многу да кажуваат, туку е важно она што го направиле.
– Кога ве гледам сите вас, знаеме што сте направиле и знаеме дека тие ваши резултати не лажат. Денеска сме тука да си ја честитаме првата година од нашето НАТО членство, но и да изразиме почит кон сите вас, кон сите ваши претходници кои низ бројните тренинзи, вежби и обуки во странство учество во меѓународни мисии во Авганистан и Косово му покажаа на светот и на НАТО кои сме,какви сме и колку сме сериозни во нашата намера да успееме, потенцира Шекеринска.
Таа нагласи дека НАТО не стави во движење дури и пред да станеме членка, бидејќи почнавме трансформација и реформи, го подигнавме темпото и носевме одлуки.
– Затоа денеска сме подобри, затоа и ќе продолжиме, ќе продолжиме да ја градиме армијата како гордост на секој наш граѓанин, Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак. Ќе продолжиме да и обезбедуваме секоја година повисок буџет за да секој момент имаме армија на која што можеме да се потпреме и во војна и во мир, во добро и во лошо, при криза, епидемија, пожари или поплави. Ќе продолжиме да градиме интегритет и транспарентност по кој станавме претпознатливи, рече министерката за одбрана.
Спортед неа, целосната воена интегрција во НАТО значи дека ќе бидеме подбори но не само заради Алијасната, туку пред се заради нас.
Кога вложуваме во вас, во вашите примања, во вашите услови за работа, во шансите за работа, но и за пензионирање, вложуваме во нашиот сон. Кога инвестираме во сајбер безбедност инвестираме за безбедност во домашната инфраструктура и сигурност на нашите системи за снабдување. Кога ги ремонтираме нашите хеликоптери имаме дополнителен државен ресурс. Кога обезбедуваме оклопни возила и друга воена опрема тоа го правиме за да дадеме сила и сигурност на македонската одбрана. Владата ќе продолжи да инвестира и да ја модернизира Армијата не само за НАТО, туку за нас, за нашата безбедност, за овие момци, и девојки, за овие офицери и подофицери, за нивното знаење, но и за срцето со коешто влегуваат во секоја битка и во секој предизвик, порача Шекеринска.
Таа нагласи дека токму во тој дух Армијата развива нов лесен пешадиски баталјон кој веќе следната година треба да биде подготвен за распоредување и во 2027 година ќе прерасне во лесна пешадиска баталјонска група, а се развиваат и два тима за специјални операции, леден хируршки тим, како и тимна специјалисти за стабилизација и реконструкција.
– Нашата армија како што денеска можевте и можете да се уверите има што да им понуди на сојузниците. Денеска го видовте нашиот сојуз, сојуз на небо и на земја. Сојуз на нации со исти вредности и иста цел, безбедност и мир во свет којшто стана уште понепредвидлив од пандемија, тероризам, засилена геополитичка конфронтција, сајбер напади, па се до лажни вести,климатски промени и елементарни непогоди. Сојуз во кој имаме што да понудиме, истакна Шекеринска во обраќањето на церемонијата.