Хеликоптерскиот сквадрон од воздухопловниот ВИНГ, доби двајца нови пилоти на борбени хеликоптери со звање „прв пилот“, кои се од првата генерација пилоти произведени во Центарот за обука на пилоти, кој сега е во состав на ВИНГ, објави пред малку министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
– Честитки за капетаните Ѓеорѓиев и Владимиров, кои по успешно положениот испит на теорија и во воздух, од денес се придружуваат на најискусните пилоти, објави Шекеринска на Фејсбук.
Министерката Шекеринска педантно врши промоции во својот ресор, почнувајќи од гуми за воените возила, чизми и беретки за војниците, па до воен кадар, во кој спаѓаат и новите воени пилоти.
Можеби за дополнување треба да се додаде дека двајцата нови пилоти во македонското воено воздухопловство се дел од АРМ, информација која во објавата на министерката, веруваме случајно, не е соопштена, ниту со името на Армијата ниту на името на земјата за која ќе го бранат небото.
Среќно, македонски пилоти!
(Д.Г.)