Ветено, остварено. Дојдоа новите униформи, напиша на нејзиниот ФБ профил министерката за внатрешни работи Радмила Шекеринска.

Новите униформи, најави претходно Шекеринска, ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот.

– Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзиција и никој не очекува работите да се променат преку ноќ, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако претседателот Стево Пендаровски ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.