Кога ДПМНЕ беа на власт поднесуваа кривични пријави за да ја заплашат јавноста, а сега ги поднесуваат за да ја замајуваат. Но мотивот за денешните пријави е друг, објави на својот фејсбук профил Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по информацијата од Драган Ковачки дека се поднесени три кривични пријтив неа и против раководно лице во Министерството за одбрана.
Според Шекеринска, причина за поднесените кривични пријави е нервоза и тоа од две причини.
-Првата е што против лицето кое одлучи да биде партиски, а не армиски војник се води дисциплинска постапка поради закани кон началникот на Генералштабот на Армијата. Нешто што е незамисливо за офицер во било која Армија. Втората е што наскоро согласно измените во Законот за служба во Армијата, тој ќе треба да одлучи дали ќе ја соблече армиската униформа бидејќи му е поважна партиската, вели Шекеринска.
Жалосно е, посочува таа, што тој и денес со голема леснотија ја отфрли армиската чест само за да служи на една мала група на луѓе.