Легендарната актерка Шерон Стоун објави фотографија од Новак Ѓоковиќ по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз.
Легендарната актерка Шерон Стоун објави фотографија од Новак Ѓоковиќ по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз, кога тој плачеше и ја гушкаше својата ќерка Тара.
Таа глетка ги трогна луѓето ширум светот, а ни славната актерка која од трибините го следеше натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, не одолеа да ја сподели на Инстаграм.
Култиот меч го следеа многу ѕвезди. Шерон Стоун беше одлично расположена, навиваше енергично и го следеше секој потег на тенисерите, пренесоа светските медиуми.