Шерон Стоун сѐ уште заведува. Убавата 62-годишна актерка со голи нозе се потпрела на тросед пред портрет на Мерилин Монро за фотографија што ја направила стилистката на славни личности, Либи Парис.

„Не само што сум воодушевена, туку сум и благодарна што на 62 години сѐ уште позирам“, напишала Шерон Стоун во својата неодамнешна објава.

Актерката на себе носела црно боди и златни чевли со високи потпетици. Но врвот сепак била раскопчаната свилена блуза со дезенот што го прослави покојниот моден дизајнер Џани Версаче во далечните 1980-ти.

На актерката, за нејзината неуморна хуманитарна работа поврзана со ХИВ/СИДА неодамна ѝ оддал почест доктор Ентони Фаучи. Шерон Стоун исто така е многу активна за промовирање епидемиолошки мерки поврзани со ковид-19.

Сестрата на актерката Кели и нејзиниот сопруг се заразиле со коронавирус и сѐ уште страдаат од последиците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)