Има нешто во болницата во градот Меса во американската сојузна држава Аризона, каде што истовремено се бремени 16 медицински сестри, пишува Би-Би-Си.

Тоа е 10 отсто од вкупниот медицински персонал на одделението за интензивна нега, па така високата стапка на бременост започнале да ја забележуваат и пациентите.

Медицинските сестри, кои наскоро ќе станат мајки, се пошегуваа на прес- конференција дека можеби „финтата“ е во водата или се во прашање слободните Божикни празници.

Првото породување се очекува во септември, а последното во јануари.

– Мислам дека не знаевме колку од нас се трудни додека не формиравме група на фејсбук…Како да сме се договориле, рече Рошел Шерман, која би требало да се породи за нешто повеќе од еден месец.

Одделот следната недела ќе подготви голема забава за бремените колешки, пред да го започнат боледувањето.