Азотниот оксид, односно нитрит оксидот, може да се покаже како средство кое им помага на тешко заболените од Ковид 19. Овој спој на елементи ги раширува крвните садови и тоа доведува до зголемување на нивото на кислород во белите дробови, чиј недостаток е клучен проблем за болните, пишува британски Дејли меил.
Како што наведува весникот, нитрит оксидот веќе се користи кај новородени бебиња кои имаат срцева маана.
Интересно е што ова соединение е основа за производство на „малите сини таблети“, во цел свет познати како „вијагра“, а чија намена ви е сигурно позната.
Во 1992 година нитрит оксидот е прогласен за молекул на годината. Подоцна е утврдено и дека соединнието има антивирусни својства и делува против различните вируси познати како корона.
Масовното испитување на делувањето на нитрит оксидот врз пациенти ќе биде едновремено спроведено во три држави во САД – Масачусетс, Луизијана и Алабама, како и во три европски држави – Италија, Австрија и Шведска.
Пациентите со лесна до средно тешка форма на инфекција ќе вдишуваат азотен оксид 20-30 минути, два пати на ден, во тек на две недели.
Научниците се надеваат дека гаасот ќе го уништи вирусот во белите дробови, ќе ги намали повредите на белите дробови и ќе го скрати времето потребно за излекување на пациенти кои дошле во ситуација да имаат потреба да бидат ставени на апарат за дишење.
Гасот ќе биде употребен и за медицинските работници. Лекарите и сестрите кои имаат контакт со заболени, ќе го вдишуваат 10-15 минути по завршување на смената. Дали ќе се јават и другите ефекти, весникот не забележува.
Главниот епидемиолог на Франција Жан Франсоа Дефреси наведува дека главен проблем кај инфекциите предизвикани од Ковид 19 е запушеноста на крвните садови. Со тоа се објаснува високата смртност кај тие кои имаат поголема тежина, а со тоа се објаснува и високата смртност во САД каде голем број луѓе го имаат истиот проблем поради начинот на исхрана. Ако соединението ги прошири крвните садови и придонесе да се надминат ограничувањата во протокот на кислород кои поради тоа се јавуваат, тогаш, средството до кое се прави вијаграта може да спаси многу животи.