Во Полициската станица Валандово вчера во 11,20 часот Т.Б.(37) вработен во бензинска пумпа во село Јосифово пријавил дека од лицето С.П.(27) од Босна и Херцеговина, кој бил возач на товарно моторно возило со полуприколка, бил замолен да пријави во полиција бидејќи се сомневал дека во полуприколката имало непознати лица.
Од страна на полициски службеници било постапено по пријавата и при преглед во внатрешноста на полуприколката биле откриени шест лица од Авганистан.
Како што денеска соопшти МВР, тие биле преземени од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ и предадени за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.