По најавата на членови на Кумановската група објавени се шест аудио снимки кои се поставени во последните 12 часа на профилот на Фејсбук именуван како „El Cheka“.

Сите нови бомби се на албански јазик освен една која е на македонски и за која се тврди дека е меѓу поранешната министерка за внатрешни работи и ексдиректорот на УБК, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.

Објавувачот тврди дека ова е само почеток, а снимките биле добиени од лица од кумановската група, осудени пред за настаните во Куманово.
Во ДУИ очекуваат обвинителството и МВР да реагираат и да ги запрат бомбите.

„МВР и Обвинителството целосно потфрлија кога станува збор за нелегално прислушуваните материјали објавувани на социјалните мрежи од лица со сомнително досие. Да потсетиме дека досега нема никаков епилог ниту од „бомбите“ кои беа објавени пред неколку години, а за кои ДУИ достави пријава до МВР и до Обвинителството. Второ, како е можно затвореници да поседуваат мобилни телефони, да располагаат со такви материјали и секој ден да ги објавуваат на Фејсбук? Што прави МВР и што прави директорот на затворот”, велат од ДУИ за медиумите.

Во ДУИ неофицијално коментираат дека зад профилот се крие извесен Ш.А. и потврдуваат дека тие се објавени од Чикаго.