Познатата холивудска глумица Кејти Холмс ја прекина врската со оскаровецот Џејми Фокс.
Тие беа во врска шест години.
Веста за раскинувањето дојде откако Џејми беше фотографиран како се држи за раце со пејачката Села Вejв пред ноќен клуб во Лос Анџелес. Неименувани извори пак, сведочат дека истата вечер Џејми говорел дека со Кејти не се гледаат со месеци, односно од мај годинава.
Сепак, последниве месеци, тие двајца се појавуваа заедно во јавноста.
Гласините говорат дека на Фокс, кој исто така е и музичар, младата пејачка Вејв му побарала помош за да се пробие.
Холмс претходно беше во брак со Том Круз.