Шестгодишно дете од Градско донесено починато во болница во Велес

/ 23.01.2026

Во СВР Велес синоќа било пријавено дека во 19:45 часот на Детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестогодишно дете од Градско, кое имало здравствени проблеми.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат попладнево од СВР Велес.

По насоки на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.


Од истата категорија