Директорката на Клиниката, проф. д-р Аспазија Софијанова, во вестите на ТВ24 откри дека пред 10 дена шестмесечно доенче било најмладиот пациент досега регистриран како ковид-позитивен.
Доенчето било доведено во исклучително тешка состојба, а ковидот бил откриен при испочитување на протоколите и направениот ПЦР-тест.
„По сите протоколи заврши на механичка вентилација. Имае потреба од хируршка интервенција, но веќе е дома. Бидејќи ние се испитуваме, го утврдивме тоа. Го склопивме тимот, детето сега е негативно и е дома. Дури и на механичка вентилација, успеавме да го спасиме“, рече Софијанова.
Бебето имало откажување на дишните патишта, а директорката вели дека најверојатно се работи за делта-сојот.