Едно лице е потешко, а пет се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи во 15:13 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола кај клучката пред Тополчани.
Повредените се префрлени во Клиничкиот центар во Битола и никој не е во животна опасност.
Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, во несреќата учествувле три патнички возила.
Тројца од четворица патници се повредени во патничко возило „опел зафира“ со прилепски регистарски таблички, двајца од патничко возило „хундаи санта фе“ со прилепски регистарски таблички кои се здобиле со лесни телесни повреди, а потешко е повреден возачот и единствениот патник во патничкото возило „пежо партнер“ со охридски регистраски талбички.
Трите возила се движеле во правец Прилеп кон Битола и според полицијата од засега непознати причини се судриле.
Од СВР-Битола велат дека една од причините се и временските неприлики на патот.