Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов на СДСМ по денешното гласање на избирачкото место во СУГС „Георги Димитров“ во Тафталиџе порача дека гласањето е празник за демократијата.
-Гласањето е нешто кога луѓето одлучуваат во кој правец сакаат да се движат, во конкретниот случај градот Скопје. Имајќи предвид дека меѓу двата изборни круга успеавме до граѓаните да допреме со концепт, континуитет и развој на нашиот град. Излезноста е поголема од првиот круг, а јас сум убеден дека скопјани со масовното излегување ќе одберат градот да се движи во континуитет, развој и храбри потези што заедно ги влечеме и ќе ги почекаме резултатите до вечерва, изјави Шилегов.