Прашина и дупки. Улицата „Бутелска“ е во ваква состојба веќе половина година. Жителите велат дека ова улица е многу фреквентна, но од вадењето на асфалтот за поставување на цевките за канализација, улицата е претворена во загадена зона. А претходно таа улица беше постојано блокирана поради изградбата на патот кон гробиштата Бутел, а и булеварот „ „Христијан Тодоровски Карпош“.
Жалби за не средувањето на улицата, имаат и бизнисите кои гравитираат на оваа улица, истакнувајќи дека освен прашината што ја дишат секој ден, намален е и бројот на купувачи, информира ТВ 21 во прилогот посветен на проблемот со улицата.
ТВ21 следните денови ќе побара одговор и од надлежните органи зошто се одолговлекуваат градежните работи на оваа улица која се наоѓа пред општина Бутел.
Градоначалник на општина Бутел е Велимир Смилевски, од редовите на СДСМ.