„Ние немавме отчетен Конгрес за причините за поразот на СДСМ во изборите 2021, согласно статутот мораше да има Конгрес тој Конгрес не беше одржан, после парламентарните избори 2024 пропадна Конгресот и сега се одржува Конгрес којшто до делегатите на Конгресот и до општинските организации на СДСМ не се испратени конгресните материјали, не се испратени предлог заклучоците, ниту се испратени предлог политички одлуки коишто треба да бидат разгледувани и донесени на самиот конгрес“, рече Петре Шилегов од СДСМ на гостување на телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“.

Шилегов објасни дека според статутот на партијата, општинските организации треба да ги разгледаат конгресните материјални, предлог заклучоците и да донесат свои мислења и видувања со цел делегатите да завземат одреден став, меѓутоа истите не биле испратени.

„Согласно статутот на нашата партија општинските организации треба да ги разгледаат тие материјали, да ги разгледаат предлог заклучоците, да донесат свои мислења и видување и да ги задолжат делегатите што ги претставуваат тие општински организации на самиот Конгрес да завземат став, ако вие немате одржан Централен одбор во функција на подготовка на конгресот, ако немате доставено документација до општинските организации и до делегатите со предлог на политичките заклучоци, тогаш за каква дебата всушност може да стане збор на самиот конгрес. Очигледно е дека некои одлуки се веќе донесени во тесен круг на неколку луѓе, не внатре во институциите на партијата, и тоа што ќе се деси во сабота ќе биде само резултат на таа една постапка“, рече Шилегов.

Facebook