-Оваа сала вечерва ја покажува вистинската сила на граѓаните, а вашата сила и посветена работа ја влече метрополата напред, не е сеедено каков град ќе биде нашето Скопје за кое работиме со многу љубов, со срце, рече сегашниот и кандидат за градоначалник, Петре Шилегов на собирот на СДСМ „Обединувачки за Скопје“.

-Изградивме повеќе инфраструктури проекти колку што немаше во 27 години наназад, чекор по чекор Скопје станува модерен и организиран град на 21 век, за овие четри години и јас научив многу, она што најдобро знам дека ништо не се постигнува лесно и брзо, туку со планирање, а нашите проекти нудат решение за идните 50 години, а тоа не се работи ниту брзо ниту лесно како што велат Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, појасни тој.

Шилегов рече дека одговорноста за градот се мери преку зелените оази изградени во минатите четири години како и квалитетот на воздухот.

– Ги исчистивме сите депонии и ги претворивме во паркови, а според новиот урбанистички план Скопје ќе биде град без тешка индустрија, важно е да имаме добар превоз и најголема пешачка зона во Европа. Скопје веќе се менува, нови четри булевари, мостови, паркови, енергетски план, вело патеки, во следните четри години градот дополнително ќе се промени, за четри години нема да има гужва во сообраќајот, ако за четири години го намаливме загадувањето за една третина за уште четири нема ни да биде тема на разговор, тоа е визијата за градот, дополни тој.

Шилегов потсети дека за време на неговиот мандат се набавени новите 33 ман автобуси со висок квалитет, а не кинески и неквалитетни.

На денешниот собир со граѓаните на Скопје, пред пруситните се обратија советничката на СДСМ и коалицијата во советот на град Скопје атлетичарката Дрита Исљами, актерот Дениз Абдула и музичарот Мирко Попов.

Дрита Исљами побара од граѓаните поддршка и обединување како клуч за сите успеси, бидејќи градоначалникот е еден, но зад него е неговиот тим, зад него стојат граѓаните.

-Сарај и Скопје се мојот дом. Драго ми е што тој мој дом овие четири години постојано се развива и разубавува, а сето тоа благодарение на Петре Шилегов, каде и да отидам низ светот со гордост кажувам дека мојот град, моето Скопје, прераснува во вистинска метропола. убедена сум дека тоа ќе продолжи и во следните четири години – порача Исљами.

Актерот Дениз Абдула, како скопјанец и чаирчанец направи споредба со неговото маало, каде, како што наведе се случи најголемата промена во изминатите четири години.

-Ние добро знаеме како изгледаше Чаир, односно левата страна на Вардар пред градоначалникот Петре Шилегов. Многу добро се сеќаваме на конфликтите меѓу средношколците по автобусите и пред средните училишта, сообраќајниот хаос на Цветан Димов, на неосветлените и запустени јавни површини, паркови и игралишта за најмладите, истакна Абдула, додавајќи дека денес Чаир, благодарение на градската администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов, човекот кој го разбира градот и неговата сложеност, изгледа сосема поинаку.

Со нови булевари, нови улици, кружни текови, одржувани тревнци, вело патекки кои овозможуваат брз пристап од една точка на градот до друга и насмеани лица на децата и возрасните кои жив доказ дека кога на една заедница ќе и дадеш за прв пат, нешто вредно и убаво, таа знае како да се грижи за тоа и да го негува – порача Абдула.

Тој додаде дека порано културата ја разбираа како споменици, фонтани, гипс картон, мермер, кој сега се распаѓа, а денес се слави живата култура, нагласувајќи дека за време на пандемијата, Скопје, раководен од Шилегов беше првиот град кој ја адаптираше својата културна програма за над 200 невработени културни работници да работат.

Музичарот Мирко Попов кој самиот се претстави како алтернативен, прогресивен културен работник нагласи дека ја дава својата поддршка за кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов, како еден од ретките кој има слух, трпение и има доблест да разговара со сите луѓе па и на оние што се на маргините.

Шилегов е првиот градоначалник, кој навистина се занимава со она што им е важно на Скопјани, улици, инфраструктура, пешачки патеки велосипедски патеки, кој поправа улици од другата страна на Вардар, бидејќи целиот град треба да биде убав, добар и функционален град за граѓаните и овде сум да го поддржам да продолжи да ја прави добрата работа што ја прави, за добро на градот, за мое добро – порача Попов.