Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостински терен од Самсунспор со 4-0 во реванш натпреаврот од плејофот во Конференциската лига и со вкупен резултат од 5-0 претрпеа елиминација во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Актуелниот македонски првак со умерен оптимизам допатува на реваншот во Самсун, надевајќи се дека може да ја анулира негативата од 1-0 од првиот натпревар пред една недела во Скопје.
Избраниицте на Јетон Бекири добро влегоа во натпреварот и веќе во седмата минута преку Ндезенгуе не реализираа идеална шанса за водство.
Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Трумчи на почетокот на вториот дел направи наивен прекршок во шеснаесетникот, а Нчам од пенал му донесе водство на Самсунспор во 53 минута.
Ндиам во 71 минута ја зголеми предноста на турскиот тим, додека точка на победата на Самсунспор стави Мариус со два гола во продолжението (78, 90+2).
Со вечерашниот пораз Шкендија ја заврши својата европска сезона во која испиша историја и стана првиот македонски клуб кој настапи во нокаут фазата во европските купови




