Екипата на Шкендија го одбрани шампионскиот трофеј во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево со гол во судиското надополнување го победи Работнички и создаде недостижна предноста пред второпласираниот Вардар.
На четири рунди до крајот без шанси за опстанок е Победа Прилеп која претрпе тежок пораз од Ренова.
Резултати на денешните натпревари од 32. коло во ПМФЛ:
Силекс – Академија Пандев 3:0
Шкупи – Вардар 2:2
Ренова – Победа 9:1
Работнички – Шкендија 0:1
Беласица – Македонија ЃП 3:1.
Табела: Шкендија 72 бода, Вардар 59, Академија Пандев 53, Шкупи 43, Ренова 42, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 37, Беласица 34, Победа 23.