Шкендија со 3-1 го победи тимот на Валмиера и со вкупни 5-2 се пласира во третото квалификациско коло од Конференциската лига.

По триумфот во Летонија, Шкендија беше јасен фаворит за пласман понатаму, македонскиот тим таквата улога ја оправада у на терен.

Шкендија поведе со гол на Бејтулаи уште во 11. минута, а Мурата со среќен погодок во 25. минута успеа да изедначи на 1-1.

Осум минути подоцна Шкендија преку Дориев поведе со 2-1.

Работата на тетовскиот тим беше дополнително олеснета во 67. минута откако Мурата заработи втор жолт картон па Валмиера остана со фудбалер помалку.

Третиот гол за Шкендија го постигна Рамадани во 85. минута од натпреварот.