Фудбалерите на Шкендија се последните четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако попладнево на домашен терен во Тетово триумфираа над Тиквеш со 2-0.
Стрелци на головите во завршниот осминафинален куп натпревар ги постигнаа Алхасан во 43 минута и Мазари во судиското продолжение.
Пласман во четвртфиналето во Купот на Македонија претходно обезбедија бранителот на трофејот Вардар, Струга, Работнички, Охрид, Шкендија Арачиново и Детонит.
Четвртфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепка, а натпреварите ќе се играат напролет. (МИА)




