Шкотските власти пријавија денеска речиси 2.000 случаи на коронавирус поврзани со гледање на натпреварите на ЕУРО2020 на стадиони, јавни собиiри, во пабови и приватни домови.

Податоците се однесуваат на првите две недели од Европското првенство кога шкотската репрезентација одигра два натпревари на „Хемпден Парк“ во Глазгов и еден на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Заводот за јавно здравје на Шкотска објави дека вкупниот број на заразени навивачи со коронавирус е 1.991

Речиси три четвртини од заразените се на возраст од 20 до 39 години и во девет од десет случаи станува збор за машка популација.