Македонскиот првак Шкупи не успеа да го постигне најголемиот успех во клупската историја и да се пласира во фазата по групи од Конференциската лига на УЕФА.

Шкупи и на гостувањето во Приштина беше совладан од Балкани со 1:0, кој го продолжува настапот во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Чаирчани уште на почетокот од средбата ги намалија шансите за успех откако во втората минута директен црвен картон заработи Џелил Абдудла.

До крајот на средбата домаќинот успеа и да стигне до нова победа, а стрелец на единствениот гол за Балкани беше Меритон Кореница во 69-тата минута.