Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави за Спутник дека не се точни тврдењата на властите во Киев дека нивната противвоздушна одбрана наводно ги соборила „сите шест Кинжали“ испукани над Киев во текот на завчерашната ноќ.
– Сум кажал и претходно и ќе го повторам. Не сме лансирале толку „кинжали“ колку што тврдат дека соборуваат секој пат. Згора на тоа, бројот на тие украински пресретнувања е три пати поголем од она што го пукаме, да не зборуваме дека сепак е големо прашање кој навистина управува со американските системи таму. А со типот на ракети тие постојано грешат. Затоа не погодуваат, рече Шојгу.
Рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година го претстави новото руско хиперсонично оружје – системите „Авангард“ и „Кинжал“, а потоа беше објавено дека се работи на хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“.
Хиперсоничната ракета „Кинжал“ лета 10 пати побрзо од звукот и нема пандан во светот. Станува збор за авионска ракета која може да носи и нуклеарни боеви глави.
Според Путин, „Кинжал“ е недостижна за системите за воздушна одбрана и противвоздушна одбрана.