Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди на можен „нуклеарен судир“ меѓу Москва и Западот, јави руската новинска агенција Интерфакс.
Според руските медиуми, Шојгу рекол дека остануваат сѐ помалку чекори пред евентуален инцидент. Шојгу одговорил на извештаите во медиумите дека Велика Британија ќе ѝ достави на Украина муниција што содржи осиромашен ураниум. Тој додаде дека таквиот потег ќе доведе до одговор од Русија.
Претходно денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го нарече британскиот план „сценарио за Југославија“, велејќи дека муницијата предизвикува рак и ја оштетува животната средина.