Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу соопшти дека загубите на украинските сили од почетокот на специјалната операција на руската армија изнесуваат половина милион војници.
Шојгу, исто така, рече дека руските сили имаат иницијатива долж целата линија на одвојување и го туркаат непријателот од линиите што ги окупираат
Министерот за одбрана додаде дека руската армија во зоната на специјални воени операции ќе го зголеми интензитетот на нападите врз логистичките центри и магацините на западното оружје.
– Ќе го зголемиме интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западно оружје. Вооружените сили на Русија ќе продолжат да ги извршуваат зададените задачи додека целосно не се постигнат целите на специјалната операција – посочи Шојгу.