Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека загубите на Украина во изминатите шест месеци за време на контраофанзивата надминале 125.000 луѓе и 16.000 оружје.

За време на состанокот со раководството на руските вооружени сили, Шојгу рече дека борбените способности на украинските војници се значително намалени, пренесува „Интерфакс“.

Според Шојгу, руските војници ќе продолжат да спроведуваат активна одбрана и да го зголемуваат својот борбен потенцијал земајќи го предвид искуството стекнато во специјалната операција во Украина.

Рускиот министер за одбрана најави дека следната година Русија ќе ја одржи стратешката командно-штабна вежба „Океан-2024“ со учество на сите гранки на армијата.