ШОК ВО МОЛДАВИЈА: Пратеник почина од убод од оса

/ 06.08.2024

Јуриј Пасат, пратеник во Парламентот на Молдавија и висок функционер на Партијата за акција и солидарност (ПАС), починал вчера наутро како последица на анафилактичен шок откако го убодела оса.

Не е познато како дошло до смртоносното каснување.

„Со голема болка во срцето ја објавуваме смртта на нашиот колега Јуриј Пасат, потпретседател на Комисијата за земјоделство и прехранбена индустрија. Јуриј беше посветен, вреден, чесен колега. Низ годините се посвети на заедницата, особено како градоначалник на село Балчеана, изразуваме најискрено сочувство до семејството и блиските, и ние сме со нив во овие многу тешки моменти“, велат пратениците на ПАС.

Медиумите пишуваат дека Јури на 9 август требало да го прослави својот 52 роденден.


Од истата категорија