Хрватската јавност е шокирана откако по вторпат за половина година една 46-годишна жена е приведена поради сексуално злоставување на својот малолетен син.

По распитот во Жупанискиот суд во  Сплит за нејзе е побаран задржување во истражен затвор.

Сепак, истражниот судија одлучил таа да се брани од слобода бидејќи веќе и е изречена мерка забрана за приближување и контакт со синот, кој во меѓувреме станал полнолетен и не живее со нејзе, објави Слободна Далмација.

Мајката з апрв пат е приведена во септември лани под сомнение за полов однос, во периодот од 2017 до 2018 година, со нејзиниот малолетен син, роден во 2000 година.

Таа во својата одбрана изјавила дека синот лаже и дека за тоа го наговорил нејзиниот маж од кого е разведена.

Тогаш и беше одреден истражен затвор каде мина 50 денови, по што стапи во сила забраната за приоѓање и контактирање со синот.

Тој потоа заминал и живее со други членови од фамилијата.

Мајката се сомничи дека синот сексуално го злоставувала и во текот на 2007 и 2008 година, а таа го негира тоа. Обвинителството по распитот повторно побарало одредување истражен затвор поради можност за влијание врз сведоци и повторување на делото.

По сослушувањето, истражниот судија не го прифатил барањето поради тоа што мајката и синот веќе не живеат заедно.