Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го предупреди Техеран да не покренува каква било „ескалација“ по нападот на Израел изминатата ноќ на иранска територија.
– Мојата порака до Иран е јасна: масовните реакции на ескалација не смеат да продолжат. Тоа мора веднаш да престане – напиша Шолц на платформата „Икс“.
Тој посочи дека прекинот на низата заострувања „ќе ја отвори можноста за мирен развој на Блискиот Исток“.
Шолц повика на прекин на огнот во Газа и Либан и на ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.