Во денешното телевизиско обраќање до нацијата по повод одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна, германскиот канцелар Олаф Шолц и пренесе уверување на Украина за германска солидарност во нејзината борба против рускиот напад.
– Путин нема да победи во оваа војна. Украина ќе истрае, истакна Шолц.
Според германскиот канцелар, годинава овој датум добил посебно значење бидејќи две земји кои некогаш биле жртви на нацистичка Германија (Украина и Русија) сега се во војна, која, како што наведе, ја започнала Русија.
Тој, исто така, порача дека Германија ќе обезбеди хуманитарна, финансиска и воена помош за Украина.
Германскиот кацелар додаде дека „нема да има мир, диктиран од Русија“.