Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не му се заканувал на него ниту на Германија во нивните телефонски разговори, пренесува денеска германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Последен пат разговарале на телефон на почетокот на декември, пренесува Ал Џезира.
Шолц, исто така, рече дека јасно му кажал на Путин дека има многу различни ставови за војната во Украина.
„Јасно му ставам до знаење на Путин дека Русија е одговорна за војната. „Русија го нападна својот сосед без причина за да стави под своја контрола делови од Украина или целата земја“, рече Шолц.
Тој додаде дека Германија смета дека рускиот напад ја прекршил европската мировна рамка и дека Берлин обезбедува финансиска, хуманитарна и воена помош за Украина.
Има договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски дека оружјето што го испорачува Запад може да се користи само на украинска, а не на руска територија, нагласи Шолц.