Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Украина не го консултирала Берлин за инвазијата на Курската област во Русија на 6 август и дека очекува воената операција да биде ограничена временски и територијално.

„Украина тајно и без повратни информации ја подготви својата воена операција во регионот Курск. Ова е многу ограничена операција во однос на просторот, а веројатно и во однос на времето“, рече Шолц на прес-конференција по разговорите со молдавската претседателка Маја Санда во Кишињев, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Берлин внимателно ги следи понатамошните случувања околу упадот на Украина на руска територија.