Шпанскиот кошаркар член на Лос Анџелес лејкерс, Марк Гасол може да стане слободен агент во блиска иднина.
Според „Атлетик“, Гасол ќе ги напушти Лејкерс, со кои потпиша 2-годишен договор под минимални услови во меѓусезонскиот преодниот рок 2020.
Центарот на шпанската репрезентација по Олимпијадата во Токио изјави дека планира да се врати во Лејкерс. Сепак, плановите на Гасол се сменија откако калифорнискиот клуб минатата недела го договори трансферот на центарот Деандре Џордан.
Во НБА-лигата, Марк Гасол има настапувано и за Торонто репторс и Мемфис гризлис.