Шпанија денеска го призна венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на државата Венецуела.
– Шпанската Влада објавува дека официјално го признава претседателот на венецуелскиот Парламент, Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела, изјави премиерот Педро Санчез во тв-обраќање.
Тој го повика Гуаидо што е можно поскоро да закаже претседателски избори.
Велика Британија исто така го призна Гуаидо за претседател на Венецуела.
– Николас Мадуро не закажа претседателски избори во рокот што му беше даден. Поради тоа, Велика Британија и европски сојузници го признаваат Хуан Гуаидо за времен вршител на должноста претседател согласно Уставот на Венецуела, додека стане возможно за одржување претседателски избори, објави на Твитер британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант.