Во Париз беше претставено истражување за тероризмот во Европската унија по иницијатива на шпанската пратеничка Мајке Пагасауртундуа. Истражувањето вклучува список на луѓе кои биле жртви на терористички напади на територија на ЕУ од 2008 до 2018 година. Тоа е наречено „Бела и црна книга на тероризмот во Европа“.
Податоците покажуваат делка во тој период биле убиени вкупно 1.885 луѓе на возрст од една до 90 години.
Повеќето се жртви на џихадистички тероризам (91 отсто или 1.703 луѓе). 111 луѓе се жртви на националистички тероризам. Тероризам на екстремни десничари и на екстремни левичари однел живот на 14 односно 13 луѓе. За речиси 30 луѓе жртви не е јасно за каков терористички напад станува збор или не е преземена одговорност.
Во книгата освен имињата на жртвите фигурира и нивната возраст, националност и професија.
Шпанија е најпогоена од тероризмот во тој период – 268 жртви. Следува Франција – 263 жртви.
Шпанија и Франција се исто така двете држави од ЕУ кладе биле извршени најголемите терористички наапди во изминатите 18 години – на 11 март 2004 година во Мардид – 191 жртва, и на 13 ноември 2015 година во Париз – 121 жртва за кои одговорност презеде Исламска држава.