Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 и понатаму бележи пад во Шпанија и покрај тоа што таа е втора држава во светот по бројот на инфицирани лица, по САД.

Во Шпанија со новиот коронавирус инфицирани се 200.210 луѓе.

Од последици од Ковид-19 починаа 20.852 лица, што е за 399 повеќе смртни случаи од вчера.