Во 2040 година, Шпанија би можела да ја „притисне“ Јапонија од првото место на ранг листата за најдолго очекуван животен век, и ако се остварат предвидувањата, САД ќе паднат од денешото 43-то место на 64-то.
Според студија, Шпанија во 2040 година треба да го заземе првото место во листата на земји со најдолг очекуван животен век, Јапонија да биде на второ место, по што следи Сингапур на 3 место и Швајцарија на четвртото место. Во тие земји, очекуваниот животен век би бил повисок од 85 години за двата пола.
Во Шпанија, ако продолжат тековните трендови во здравствениот сектор, очекуваниот животен век би можел да достигне 85,8 години, наспроти 82,9 во 2016 година.
Кина ќе се искачи на ранг-листата од 68-то на 39-то место до 2040 година, според проекциите. Меѓу земјите кои се на самото дно на очекуваниот животен век помал од 65 години, се земји од Африка – Лесото, Сомалија и Зимбабве.
Студијата, објавена во медицинското списание „Лансет”, зема предвид 250 причини за смрт од 2016 до 2040 во 195 земји и територии. САД треба да доживеат најголемиот пад кај богатите земји, од 43 на 64 место, со очекуван животен век од 79,8 години. Напротив, до 2040 година во Велика Британија очекуваниот животен век би се зголемил за две и пол години од 80,8 на 83,3 години.