Шпанските власти одлучија да биде намалена максималната брзина за возила на националните автопати од 100 на 90 километри на час за да се намалат сообраќајните несреќи.
Според Министерството за развој, ограничувањето стапува на сила од утре за т.н. конвенционални патишта. На таков вид патишта во Шпанија се случиле околу 80 отсто од сообраќајните несреќи во изминатите пет години.
Од вкупно 1.321 загинати во сообраќајки по шпанските патишта во 2017 година, 1.013 го загубиле животот на такви патишта. Во минатата година загинале вкупно 877 луѓе во сообраќајни несреќи на такви патишта.