Шпанската амбасада во Скопје ги демантира информациите дека заедно со уште шест земји-членки на Европската Унија била против одредувањето датум за отпочнување на преговори со Македонија.
– Сметаме дека со соопштението на романското Претседателство на Советот на ЕУ се отфрлаат шпекулациите пласирани вчера од страна на еден опозиционен политичар од С. Македонија според кои Шпанија наводно била против датумот за отпочнување на преговорите заедно со други шест земји членки. Шпанија ги препознава значителните заслуги на РС Македонија, а особено Преспанскиот Договор кој претставува пример за регионот, се наведува во соопштението од Амбасадата на Шпанија во Скопје.