Екстремно десничарската партија „Вокс“ освои 12 места во 109-члениот регионален парламент на шпанската автономна покраина Андалузија, според прелиминарните резултати од 95 отсто гласови на регионалните избори

За првпат по враќањето на демократијата во Шпанија по смртта на диктаторот Франциско Франко во 1975 година, екстремнодесничарска партија влезе во регионален парламент.

Социјалистите добиваат најголем број места во регионалниот парламент – 34, но со влезот на Вокс десничарските партии добиваат мнозинство.

Вокс” е против илегалната имиграција и против намерите на Каталонија за независност.