Полицијата во шпанската автономна област Каталонија е во потрага по маж кој планира терористички напад во Барселона во празничните денови околу Божик, објавија шпански медиуми.

Според весникот Мундо, станува збор за жител на Мароко. Регионалните безбедносни сили веќе се известени за заканата. Наредно е засилено полициско присуство на места во градот Барселона каде се собираат голем број луѓе.

Особено внимание е побарано од полицајците за големи транспортни средства.

Весникот Ел Паис наведува дека иницијалите на осомничениот се Б.Л., кој има 30 години и дозвола за управување автобус.

Поради истиот повод, предупредување до своите граѓани во Шпанија испрати и Стејт департментот.