Европската унија се согласила да плати во просек по 15,50 евра за доза за вакцината „Фајзер-Бионтек“, информира денеска шпанскиот весник „Вангуардија“.

Весникот објави копија од документ на својата веб-страница, за кој тврди дека е договор што Европската комисија го потпишала во ноември.

Со договор за 200 милиони дози, со можност за купување нови 100 милиони дози, било договорено цената на првите 100 милиони дози да биде 17,5 евра.

Во исто време, цената на останатите 100 милиони дози е утврдена на 13,5 евра додека опциските 100 милиони дози чинат 15,5 евра. Минатиот месец, ЕУ потпиша друг договор за уште 200 милиони дози вакцини на Фајзер-Бионтек.