Нова експлозија одекна пред црквата Свети Антун во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.
Новинарот на „Гардијан“, кој известува од самото место, објави снимка на која се гледа како луѓето панично бегаат. Тој тврди дека станува збор за помала експлозија.
Би-Би-Си објави дека до експлозијата дошло кога безбедносните сили се обидувале да ја деактивираат пронајдената експлозивна направа.