Франк-Валтер Штајнмаер денеска повторно е избран за претседател на Германија и вети дека во вториот мандат ќе се посвети на ублажувањето на последици од пандемијата на коронавирусот.
За Штајнмаер во првиот круг гласаа 1.045 од 1.472 членови на таканаречената Сојузна конвенција која ја сочинуваат пратениците во сојузниот парламент Бундестагот и претставнции на сојузните покраини кои делигираат и влијателни јавни личности.
„Го прифаќам изборот за претседател на Германија“, изјави по објавувањето на резулатите Штајнамер кој должноста шеф на државата ќе ја извршува и следните пет години.
За највисоката должност во земјата се натпреваруваат уште тројца кандидата: претставничката на Сојузот на слободните избирачи (FW), Стефани Гебауер која доби 58 гласови, кандидатот на партијата Левица (Die Lienke), Герхард Траберт со освоени 96 гласови и кадидатот на Алтернатива за Германија (AfD), Макс Оте, кого го поддржаа 140 членови на Сојузната конвенција.
Штајнмаер, кој како политичар од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во првата влада на ткн „голема коалиција“ (Гроко) на проанешната канцеларка Ангела Меркел беше министер за надворешни работи, се истакна во првиот претседателски мандат како посредник во конфронтираните страни во пристапот во справувањето со пандемијата на коронавирусот. Покрај тоа, во испитувањата на јавното мение ужива и мнозинска поддршка од граѓаните.
Штајнмаер, според мислењата на политичките коментатори, е претседател кој успешно ја водел земјата низ неколкуте кризи во текот на првиот изборен период, од кои најголемата беше пандемиската криза. По победата на изборите во неделата, изјави дека сака да продолжи да работи на „лекувањето на социјалните рани кои ги предизвика пандемијата“.