Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер пристигна попладнево во Тел Авив во дводневна посета на Израел на покана на неговиот израелски колега Исак Херцог. Со Штајнмаер патува и претседателот на Бундестагот Бербел Бас.
Патувањето се смета за посебен знак на солидарност со Израел. Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер, која исто така пристигна во Израел, се блиски пријатели на Херцог и неговата сопруга.
За денеска се планирани политички разговори меѓу двајцата претседатели.