Вработени во американскиот Гeолошки топографски институ имаат „голема историја на посети на порнографски сајтови за возрасни“.

Поради порно навики на вработен во Геолошкиот топографски институт на САД владина мрежа е инфицирана со штетен софтвер, се вели во официјален извештај, јави Би-Би-Си.

Вработениот чие име не е објавено, има „обемна историја на посети на порнографски сајтови за возрасни“.

Истрагата пронашла штетни софтвери на околу 9.000 страници на кои „одел“ вработениот.

Канцеларијата на генералниот инспектор на САД препорачала Институтот да направи црна листа на „лоповски“ веб страници.

– Нашата анализа потврдила дека многу порнографски фотографии се чувани на УСБ уред и на мобилен телефон, пишува во извештајот.