Штип и штипјани не се откажуваат од идејата за собирање на средствата кои се потребни за лекување на нивната сограѓанка, младата медицинска сестра Сибел Омерова. Неофицијално речиси половина од сумата е веќе собрана. Донаторски пунктови со кутии за собирање на средства се поставени во речиси сите локали, маркети, а од вчера граѓански активисти со иновативна идеја таканаречен „хуманитарен шопинг „ ги мобилизират и помалите фирми.
„Тоа е еден модел каде учествуваат претставници на бизнис секторот, оние помалите и сите оние мали бизниси, креативци кои на некој начин сакаат да се вклучат. Од една страна донаторите ссе тие, а од друга страна донатор може да биде секој граѓанин кој има желба да донира одредена сума пари. Станува збор за симболични средства од 200денари, па нагоре, а за возврат на својата донација да добие некој производ или услуга која би покрила дел од неговите секојдневни потреби„ изјави Викторија Милановска-Патраклиев, граѓански активист.
Овој модел за собирање на донации за прв пат се активираше минатата година кога градот покажувајќи ја својата солидарност во рекордно време ги собра парите за лекување на Христијан, кој за жал не успеа да се избори со болеста. Вчера неговиот татко Гоце Коцев, упати молба до сите граѓани за уште еднаш на дело ја покажат својата хуманост.
„Јас го поминав тој пат, ја добив поддршката на граѓаните, независно од верска, партиска или етничка припадност. Се надевам дек средствата за Сибела во рекордно време ќе бидат собрани исто како што беше и во нашиот случај„ изјави Гоце Коцев, татко на Христијан. За случајот на Сибела Омерова, за прв пат ќе се активира и Солидарниот фонд на градот и од него максумум можат да бидат донирани околу 1500евра. Инаку за лекување во Истанбул, на младата медицинска сестра потребни се 70.000евра. Единствено тамошните лекари се нафатиле да ја оперираат, а потоа и да продолжи со хемотерапија“, вели Гоце Коцев.