Штипската Клиничка болница набави нов апарат на Одделот за Анестезија, но во време на светска енергетска криза вистински предизвик претставува плаќањето на сметките за струја кои варираат секој месец, а буџетот останува ист, посочи денес на прес-конференција директорот Ален Ѓеорѓијев.
Енергетската криза остава траги во динамиката на работењето и во здравствените установи. Од предвидените 50 милиони денари за оваа година, штипската Клиничка болница за само три месеци има сметки за струја во износ од речиси 10 милиони денари. Ваквата разлика се должи на непредвидените трошоци за сервис на компјутерскиот томограф и ангиографот, апарати кои ги користат пациентите од источниот регион.
Целосна финансиска стабилизација е можна, само доколку Буџетот од Фондот за здравство за следната година е поголем, категоричен е Директорот на штипската клиничка болница.
Инаку, со сопствени средства штипската болница набави нов апарат на одделот за Анестезија и реанимација, кој денес беше промовиран со што се овозможува извршување на повеќе хируршки интервенции во интерес на пациентите од целиот источен и југоисточен регион.